Таче „д’леџендери“ (не)демократ

Колумната е наменета да го освестиме Таче дека му прават подметачини во делот на медиуми.

Од крајот кон заклучокот на оваа колумна

Го читам новово писание за нов Закон за аудио и аудиовизуелни услуги и заклучокот после 30 (триесет минути) читање ме доведува во состојба, како и сите граѓани, да коментирам дека за ништо не ја бива државава.

Па, добро има ли некој во тоа СДСМ да седне и да прочита што е во моментов напишано.  Па, сега можам да си играм мајтап со целата владејачка структура како сакам. „Ништо спектакуларно не е напишано во предлогот. Класична спрдачина“.

Всушност законот е вака:

Дали знаете англиски? Да

Го знаете зборот Allow? Да

Ајде употребете го во реченица. Allow кој е на телефон од ЕУ?

Најбитно на тектописецот на законот му било:

  1. Никако да ја каже потребата од законот. Зошто се прават измени? Одговорот е дека сите суштински измени ќе биле во направени со нов закон во септември.
  2. Во законот е ставен дел за саморегулација и кодекси на доброволни основи.

Па, дали сте нормални? Основни правила не разбирате. Да имаш регулаторно тело и да повикуваш во закон на саморегулација и кодекси! Ова го пишувале романтичари и криминалци, кои сакаат да грабаат пари од фондовите на ЕУ.

Другар Таче мене ми е многу жал затоа што ниту еден од твоите медиумски играчи нема интелектуална моќ да го поврзе Примерот 3, што ти го напишав на почетокот и членот кој објаснува – Посебни забрани. Мислам дека бев јасен што е мотивот 12 години да се правиш мутав. Нормално не мислам на тебе Таче.

Туку?

Да те прашам сега со ова забранава за рекламирање на цигари, се од тутун производи и е-цигари и нивно надополнување: Ќе го апсиш Младен Чадиковски поради неговата јавна кампања за истражувачки стории за режан тутун спонзориран од тутунската индустрија?

Бидејки Младен ништо не ми згрешил ова е само мало дриблање од моја страна и предупредување да не прави глупости во иднина.

Инаку другар Таче нешто ми се потсмири со сексуалниве приказни. Па, како така. Или кога сакаш да го апсиш Латас излегуваш и на парламентарна говорница, ама кога твоите ќе ја утнат викаш ќути никој не виде. Јас видов!

  • Твојана другарица Јованка Тренчевска као демек министерка се изјасни дека жените од СДСМ се посебна каста, другите жени не си ги знаеле правата. Ја имаш Моника Зајкова како лидер на ЛДП во коалиција која би требало да има нов слоган за правата: „Наместо женски права, во рака тава и на Јованка во глава“.
  • Твојот најдобар другар од Мактел, тепачот на жена, му се обрати на Љупче Златев дека „плеснал нешто“, кога другарот од „Лидер“ објави фотографија со својата сопруга во поодмината бременост.
  • А, да. И ако сакаш да знаеш како е тепан Никола Младенов, ќе мора да го прашаш мојот голем и искрен другар Боби Илиевски. Боби пишуе текстови, а големиот Никола дали можеби се договара за десетици илјади марки? Ќе си прашаш.
  • А, и за онаа лепотана новинарска што збори 300 глупости со брзина од 300 на саат, во емисија. Иначе таа лепота, Бугарите од Македонија велат дека го снимила странска соседна служба како си дува во меѓуножјето на балкон додека имал интимни релации со една бивша новинарка, чија сестра работеше во една амбасада, влијателна.

И ние другар Таче знаеме многу лепотански информации. Лажни ли се вистински ли се?

Види другар Таче јас му се јавив на Латас. Што имав да му кажам тоа е меѓу нас. Твоите другари сакаа да го линчуваат.

Правата и правдата во нашава мила Македонија за едни се мајка  а за други маќеа

Заклучок

Едноставно нели другар Таче ти си класичен премиер кој сака да го глуми Кастро и да користи сталинистички методи, ама као демек си за ЕУ.

Ти си антидемократ. Толку

Да живее Македонија!

Почеток на колумната

Да продолжам со последниот пример за индиции за корупција во медиумите и како се загрозуваат македонскиот и албанскиот јазик.

Пример 3.

Случај коментирање на Арена Спорт, Спорт Клуб и Еуроспорт.

Почитувани читатели, а богами и ти другар Таче, знам како размислувате по однос на сите наши спортски коментатори. Во најмала рака дека се досадни. И дека коментаторите од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина се цареви. Посебно ако се гледа и со неизмерна среќа се слушаат генијаните коментатори од полуфиналната средба во ракомет Вардар и Барселона.

Вистината

Благодарејќи на обуките извршени во Република Словенија 2003-2004 година, (18 на број), и Сојузна Република Германија преку ИФА проектите посебно на темата: Стратегија за борба против пиратерија во периодот од 2004-2006 година (под будното око на Хер Армин Мајнел) можам со целосна сигурност да го кажам, а не да го заклучам следново:

Секој, кој ќе купи програма за било која држава членка на ООН, веднаш потпаѓа под уставниот поредок на истата држава, во совој случај Македонија. Тоа значи коментирање на македонски и албански јазик.

Ама нашите скапо платени функционери од АВМУ, нормално поддржани од клептомани од институции и новинари во Македонија, ги даваат следниве три изјави:

  1. За Арена Спорт го лажат Даниел Димевски, сега претседател на МОК и му велат, знаеш коментирањето треба да го плати Телеком, ама Телеком нема право да има телевизија и тоа е тоа. Се коментира на јазик спротивен на уставот во Македонија
  2. Спорт Клуб морал да се регистрира во Луксембург на Македонски и Албански и тогаш можеле да се слушаат коментатори на овие јазици. Ама не сакале. Им било скапо (читај подоле за да дообјаснам).
  3. Нашите коментатори не ги бивало и плус многу чинело како пари (уште не сум објаснил)

Да е ова нормална патриотска држава овие ликови прво мора да ги разобличи на следниов начин.

Коментирање на Македонски и Албански јазик на сите канали може да се изведе со 1 милион евра на годишно ниво.

Засегнатите спортски канали веднаш викаат скапо ни е. Во ред. Тогаш вашите права за Македонија има да си ги напуштите и нашите телевизии или моператори си ги купуваат правата на аукција само за Македонија и си слушаме наши коментатори.

Е мој Таче, сега знаеш дека ја не кажувам нормално се’. Ама има едно нормално прашање како 12 години АВМУ ја деградира оваа држава. Има два одговора:

  • Крадат на ситно или
  • Се ретардирани

И само да знаеш две работи плус:

  1. Сега сум ти на располагање да ги дигнеш на клоци сите институции за Македонски и Албански јазик, посебно МАНУ и остала булумента која као демек не гледа телевизија. Големите патриоти за 3 минути слава. Тоа се само обични клошари и Македонци и Албанци
  2. Тие сега што ти пишуваат закон се истите од 2003-2005 година. Истите фори. Морало оперторите да платат за коментирање. Тоа се вика платеници. Операторите само реемитуваат. Каналите плаќаат.

Ако си паметен прашај го Владо Бучковски како мора, а не како треба.

За тоа што мислам за твојот нов закон качи се горе на текстот.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес