Таче и „Бугарите по задача“

Драги мои читатели знате што се „Бугари по задача“? Оние кои во доцните деведесетти и до првото десетлетие на 21 век  не’ обинуваа нас дека сме предавници зошто се дружевме со вистинските Бугари во Македонија. Овие луѓе запаметете не само што го продаваат својот морален и фактички задник за 100 евра, туку спремни се и да ги уништат и своите сопствени деца. Затоа што и’ мислат на Македонија, непотребно е и да збориме.

Затоа:

Таче жити се не ни кажувај дека економски сме стабилизирани. А, те слушам  како цветаме одма си ја пеам од Рибља Чорба – „Се осеќам ко последно говно“. Дај олабаи. Како да ти објаснам. Идам по кромид и три пати плачам. Првиот кога го купувам, вториот кога го лупам и третиот кога осознавам самиот дека за шопска салата мора да купам и зејтин, домат (црвен патлиџан), краставица и сирење (народ ти чека пред продавници за дробено сирење и од срам викаат: имате од сирењето за пита? Инаку од 110 денари сега ти е 220). Цветаме, нели?

Туку да се сконцентрираме на твоиве „Бугари по задача“. Тоа се луѓе кои намерно со сите свои потези и ноншалатни зборови не’ убедуваат како сме морале да се догвориме со Бугарија. Тоа се овие крвници кои имаат потрошено 10 милиони евра кои ги споменува Борел, а за кои критикува Геро.

Твоите „Бугари по задача“ буквално го минимизираа претседателот на Македонија г-н Стево Пендаровски, за најсензитивната средба во последниве десет години за стабилноста во регионот. Да ти раскажам една вистина, на моја иницијатива Стево Пендаровски остварува средба со мене од една проста причина. Негов визит советник ми укажуваше што сум смеел да пишувам за Претседателот. Состанокот заврши со следниве зборови: Виктор за мене пишувај што сакаш, само немој за сопругата и детето. Нормално не сум ја имбецилен кретен да го направам тоа. Бидејки го критикував за неговите изјави за Гоце Делчев, заклучив дека Претседателот има сериозен демократски капацитет. Па оваа дипломатска, а државна дисквалификација на Претседател е едноставно неопростива. Да да, другар Таче. Еве како.

Значи срцка ми е оној мојон комшија од Карпош 2, Бојан Маричиќ – Министер за буквално ништо во владиве на СДС. Па, како го пречека Претседателот на Србија Александар Вучиќ. Секоја чест. Немам зборови. Една слика се’ кажува, Вучиќ како „Загор-те неј или Дух са секиром“, а овој подобро ќе беше да имаше бркчиња па да го викавме Чико, вака изгледаше како некој заповедник за чистење клозети. Можам од сликава да претпоставам дека разговорот била вака, Вучиќ па Маричиќ:

  • Буци како, си лепи мој? Татко ти го врати тепихот? (НетПрес објави, а фамилија Маричиќ премолчи, дека татакото на Буци инаку во тоа време обвинител си нарачал тепих за 200 евра од млади адвокати)
  • Остај шефе, тоа копиљаците на Тони Апостолски не олајаваат ко фамилија.

И така другар Таче ти гледаш на државничкиве протоколи и позиција на моќ по функција. Јас уствари и те разбирам. Ти не си бил на избори, па да видиш што значи тоа. Дури ни за џеб не си се фатил една канта лепак за плакати да купиш. Се’ ти било наместено. Ама не е така. Мора да изгледаш два легендарни филма со неверојатни пораки:

  1. Булит – накрај кога го убиваат главниот мафијаш, убиецот му вели: „Се’ се враќа, се’ се плаќа“.
  2. Џек Ричер – му се обраќа на главниот убиец: „Јас седам во темницата и немам ништо попаметно од тоа да те чекам, а тоа те плаши“.

Него да се вратиме на Бугарите. За разлика од тебе јас велам дека Бугарите мора заедно со сите други народи, Хрвати, Црногорци, Египјани, Финци, Словенци и т.н. да влезат во Уставот на Македонија. Тука нема ништо спорно.

Проблемот е дека таквите како тебе политичари ја доведуваат Македонија не да биде во дефанзива, туку да се надева дека другата страна случајно ќе го промаши нашиот празен гол.

Сите што работиме со информации знаеме дека кај нас постои голема дипломатска петорка (клучни пет моќни земји) плус и евроамбасадата на чело со Гир. Ај сеа другар Таче да им го објасниш следново:

Завршуваат уставните измени и на изборите се случува неверојатна Србско-Бугарско-Хрватско-Црногорско и Египјанска коалиција. Сите заедно имаат помош од 3 милиони евра од своите пријатели кои живеат во нивните мајки земји за настап на истите.

Твојот закон вели вака. Се’ убаво што имате пари и може слободно да си штампате флаери, памфлети, дорхендери, пенкалца, програми и останати помагала. Ама за билборди имате право на пристап за финансиски закуп до 1%, значи до, а не и 1% од расположивите билборди на државно ниво, а што се однесува за закуп на ТВ И Радио станици и интернет портали, имате 500 до 1.000 евра вкупно. Вашите пари немате право да ги трошите над ова пропишано со закон и правилата на Државната Изборна Комисија која ја води твојот миленик Александар Даштевски.

И што понатаму со тебе да збориме. А, сакав да ти раскажам што сум научил заедно со Горан Гаврилов (Канал 77) од колегите од Бугарија и како да се имплементира тоа кај нас. Тоа се овие работи:

  1. Регионализација на ТВ и радио станици и нивно програмско и маркетиншко здружување во еден систем од 4 плус 2 часа.
  2. Комплетно регулативно решение за телевизија која може да емитува програма преку кабел и сателит, а која е разликата со терестријални телевизии.
  3. Делумна програмска комерцијализација на националниот сервис МРТВ
  4. Комплетна заштита на предаветелниот систем МРД за потребите на МРТВ
  5. Целиот систем на МРТВ и МРД мора да е во износ од мин 35 милиони евра (2004), тоа денес би значело 50 милиони евра
  6. Кабелските оператори само пренесуваат програма и не одговараат за програмската содржина дали нарушува авторски и сродни права и уставен поредок во Македонија

Ова ми го кажале моите колеги односно колешки од Асоцијацијата на Бугарските Броадкастери (АББРО) и плус уште некои драги личности кои не се оптеретени со глупостите на политичарите.

Е затоа можам да дадам само еден заклучок.

Наместо да се однесуваш како оној ќелавконо од Бени Хил кој добива ритмички љапушки во предниот дел од главата мора да учиш од минатото. Владо Бучковски како премиер веднаш седна со 10 највлијателни газди на медиуми во 2005 година. Ама Бучко е стара школа. Знае како. И со пријатели и со непријатели. Бучко прв призна како политичар дека има Бугари во Македонија. „Бугарите по задача“ како демек друга националност, сега се на врвни позиции во државни фирми.

Затоа да знаеш „Бугарите по задача“ од прв до последен работат за повеќе служби. Јас немам намера да ти кажувам што да правиш, како што ти немаш намера да се консултираш со никого, зошто нели од тебе почна да се разденува и денот да биде подолг.

Затоа те доживувам како „џубре комунистичко“ кое е „лепота непревазиѓена“ и д’леџендари (не)демократ.

П.С: За сите политичари на Македонија имам една голема другарка која стана мајка по втор пат и секогаш вика – Како тргна работава има да биде: г*е-пи*е мамино, хаос пи*ке лудило.

Да живее Македонија!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес