Тачи: Косово е единствено и неделиво

34

Во Брисел вчера се одржа нов круг преговори меѓу Белград и Приштина со посредство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, пренесуваат локалните медиуми.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ, изјавил дека најмногу проблеми очекува да има со воспоставувањето на Основен суд во северниот дел на Косовска Митровица, бидејќи на тоа најмногу се противи Приштина.

Косовскиот премиер Хашим Тачи, од своја страна, истакнал дека со локалните избори го гаснат влијанието на Србија врз Косово, бидејќи Здружението на српските општини ќе биде консултативен механизам, без влијание во извршната власт.

„Косово е единствено и неделиво“, изјавил Тачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.