Тачи: Наскоро Вооружени сили на Косово

Косовскиот премиер, Хашим Тачи, изјавил дека Косовските сили за безбедност наскоро ќе се трансформираат во Вооружени сили на Косово со осум илјади припадници.

„Нема причина за одложување. Очекуваме Уставниот суд да одобри неколку работи на кои што баравме објаснување, па парламентот ќе го потврди барањето на Владата да се формираат Вооружени сили на Косово- војска со осум илјади девојки и момчиња“, рекол Тачи.

Тој рекол дека САД, НАТО и Европската унија го поддржале создавањето на Вооружени сили на Косово.