Тачи: Повторно ќе бидам премиер

Косовскиот премиер Хашим Тачи во ексклузивно интервју за јавниот сервис РТК рекол дека е убеден дека ќе биде премиер и во третиот мандат.

Тој изјавил дека иницијативата на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај за отповикување на Владата на Косово влијаела да се оди на предвремени избори.

„Владата на Косово е стабилна, но  во парламентот има несоодветно мешање. Се надевам дека сите во политичкиот спектар на Косово имаат за цел координирано делување, а не изненадување“, рекол Тачи.

Тој не го соопштил датумот на изборите, туку навела дека тој ќе биде одреден на заеднички состанок на сите политички партии. Тој рекол дека изборната кампања ќе трае 15 дена.