Тачи верува во САД и дека Белград ќе ја признае независноста на Косово

Претседателот на Косово Хашим Тачи верува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на САД ќе доведе до признавање на независноста на Косово, а потоа, како што вели, до демаркација на границата и членство во Европската унија.

Тачи, според приштинскиот портал Лјами, има доверба во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Дијалогот што го водат (Ришард) Гренел и администрацијата на претседателот Трамп ќе заврши со конечен договор со Србија, што ќе резултира во меѓусебно признавање, по што следува демаркацијата на границата со Србиј“, рече Тачи.

Крајот на дијалогот, според Тачи, ќе доведе до членство на две држави во Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.