Тачи: Договорот може да се постигне во блиска иднина

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, рече дека писмото од американскиот претседател Доналд Трамп е знак на добра волја, со кој се охрабуваат косовските власти да го продолжат дијалогот со Србија.

Тој, по средбата на лидерите на Западен Балкан во Брисел со шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, која, истакна дека ако некој воопшто се сомневал во поддршката на САД, сега писмото е вистински аргумент дека Вашингтон дава целосна поддршка на дијалогот Приштина-Белград.

Што се однесува до нормализација на односите со Србија, косовскиот претседател вели дека спорот многу скоро би можел да биде решен.

Мораме да работиме заедно, за преговарачкиот тим да може веднаш да почне да работи. Тимот ќе треба да ја информира јавноста за сè, за да се развие еден транспарентен и сеопфатен договор, рече Тачи.

На прашањето кога ќе се одржи следниот состанок во Брисел, Тачи одговори дека не се очекуваат други средби пред почетокот на следната година.