Тачи е подготвен да распише избори на Косово

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска се сретна со претседателката на Централната изборна комисија на Косово, Валдете Дака, со која разговараше за подготвеноста на оваа институција за организирање на предвремени избори, доколку тоа биде потребно.

Тачи истакнал дека во согласност со уставната обврска што произлегува од член 95, ќе ги искористи сите можности во консултација со политичките партии претставени во Собранието на Косово да најде одговор за новата политичка реалност, јавува Зери.

– Доколку политичките партии не се во можност да дадат одговор на оваа нова политичка реалност во разумен рок, јас сум подготвен веднаш да распишам нови избори – рече Тачи.

Тој додаде дека од претседателката Дака бил информиран дека ЦИК е подготвен да организира предвремени избори во секое време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.