Тачи ги повика граѓаните на Македонија да гласаат „за“ на референдумот

Претседателот на Косово, Хашим Тачи по средбата со премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните на Македонија да гласаат „за“ на референдумот бидејќи тоа значело мир и за Косово.

Косово ве поддржува да се движите напред кон зачленувањето во НАТО и ЕУ. Ги повикувам со мојот скромен авторитет сите граѓани на Македонија да учествуваат и да гласааат „за“ на референдумот. Мислам дека ова е историски момент што би требало да се искористи, рече Тачи.

Тачи се осврна и на односите помеѓу Белград и Приштина, посочувајќи дека нема да биде лесен процесот да се донесе конечна историска одлука и да се затворат прашањата на Косово и Србија, но затоа тука е дијалогот.  Тачи за време на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев оцени и дека е охрабрувачки што од границата со Косово до Скопје ќе се догради автопатот кој се градел од Косово до границата со Македонија.