Тачи и амбасадата на САД разочарани, Косово и Балканот се губитници

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави во вторникот дека е разочаран порди одбивањето на членството во Интерпол на поранешната јужна српска покраина која во 2008 година еднострано со поддршка на Западот прогласи независност, а истовремено се огласи и амбадата на САД во Приштина според која тоа претставува „заедничка загуба“ за земјите од Балканот.

Во изјавата за медиумите од Дубаи, каде се одржува генералното собрание на меѓународната криминалистичка полициска организација, косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека нема победници, но признава дека Косово е губитник.

„Во процесите на интеграциите сме онаму каде што сме во околностите кои бараат промисленост, во околностите на притикос на Србија на генералното собрание на Интерпол. Сакам да им се заблагодарам на земјиет кои не’ поддржаа. Косово има свој пат кон независна држава. Денешниот неуспех покажува искуство на една голема посветенсота на полицијата и институциите“, рекол Тачи, пренесуваат притшинските и белградските медиуми.

Додал дејка денеска нема победници, но дека слободно може да каже дека Косово е губитник, но воедно тоа е и Србија. „Бидејќи победи само организраниот криминал“, изјавил Тачи, како што пренесува порталот Insajderi.

Тачи, натаму, рекол дека не се откажува од дијалогот и од конечниот договор со Србија. „Косово и Србија не треба да се попречуваат една другата на своите патиште“, додал косовскиот челник и посочил дека Интерпол претставува механизам на редот и законот и оти Косово сакало да биде гарант на мирот и борбата против тероризмот и сајбер-криминалот.

„Треба уште еднаш да и’ се појасни на јавноста, дека Косово и Србија, наместо да се спречуваат меѓусебно, треба да постигнат финален договор“, истакнал Тачи.

Додал и дека гласањето за прием на Косово во членството во Интерпол било тајно, но и оти постои можноста дека држави коишто ја признале косовската независност да гласале против неговото членство, што според Тачи претставува „лоша вест“.

Пацифичката дрќава Крибату и Вануату во вторникот стана член на Интерпол, додека кандидатурата на Косово на самитот во Дубаи беше одниена. Српскиот вицепермиер и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ оцени дека станува збор за „голема победа на Србија“. Претстедаталот Александар Вучи, пак, ги повика сонародниците да не паѓаат во еуфорија и да не ги понижуваат Приштина и „оние кои сесрдно ја помагале“.

„Косовската полиција е целосно интегрирана и способна структура, којашто ги докажа своите способности преку помагање за откривање на меѓународни терористички, кибернетички, нарко и мрежи за трговија со оружје и со луѓе. Повеќето држави тоа го увидоа и ја поддржаа апликацијата на Косово за членство во Интерпол, и покрај агресивната кампања што ја водеше Србија за вршење притисок врз земјите за да биде одбиен приемот на Косово“, се истакнува во соопштението на амбасадата на САД во Приштина по гласањето во престолнината на Обединетите Арапски Емирати.

„Поддршката за членството на Косово во Интепрол никогаш не била поврзана со признавањето на независноста на Косово, туку е поврзана со зголемената глобална соработка во сферата на почитувањро на законите и затворањето на критичната безбедносна дупка на Балканот. Со денешниот исход, сите губиме“, заклучуваат од американската дипломатска мисија.