Тачи ќе положи заклетва како претседател на Косово

Хашим Тачи денеска на свечена седница на косовскиот Парламент ќе положи заклетва како нов претседател на Косово.

Седницата е закажана за во 11 часот, а Тачи на оваа функција ќе ја замени досегашната косовска претседателка Атифете Јахјага.

За утре првпат е планирана церемонија за инаугурација на новиот претседател, која ќе биде организирана на централниот плоштад во Приштина. На неа ќе учествуваат околу 1.200 гости од 50 земји.

Лидерот на Демократската партија на Косово е избран за шеф на државата кон крајот на февруари во третиот круг од гласањето во Парламентот.