Тачи на средбата со Ахмети: Членството на Македонија во НАТО е во интерес на регионот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вторникот во Приштина се сретна со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и со премиерот Рамуш Храдинај, а како што пренесуваат приштинските медиуми, било разговарано за процесите на интеграција на Македонија и Косово во Европската унија и во НАТО.

Решавањето на спорот со името и членството на Македонија во НАТО е од интерес за регионот, рекол Тачи кого го цитира веникот Bota sot. Според весникот, на средбата косовскиот претседател оценил и дека многу е значајно регионот во целина да оди напред, што би допринело до јакнење на мирот и стабилност на западен Балкан.

„Многу е важно да одиме напред како регион, бидејќи само така можеме да ги зајакнеме мирот и стабилноста на сиот Западен Балкан. Косово ги поддржува напорите за решавање на спорот околу името на Македонија. Решавањето на овој спор, а потоа и влегувањето на Македонија во НАТО е од интерес на мирот во целиот наш регион”, рекол Тачи,

Ахмети на средбата рекол дека тесната соработка на албабсјите лидери овозможило и подобрување на позицијата на Албанците во Македонија.

Хашим Тачи и Али Ахмети разговарале и за важноста на автопатот Приштина – Скопје, „кој ќе ги доближи многу граѓаните од двете земји”.

Во текот на посетата на Приштина, Ахмети се сретнал и разговарал и со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој Ахмети го нарекол „лидер на Албанците во Македонија”

„Со Ахмети разговаравме за многу теми, кои бараат решенија. Имав можност да одржам средба со Али Ахмети,лидерот на Албанците во Македонија. Со него дискутиравме за многу теми важни за нашите две земји. Се согласивме дека треба да се ангажираме заеднички да изнајдеме решенија за многу важни прашања, кои на нас чекаат многу време од порано. Добрососедските односи се гаранција за мирот во регионот”, рекол Харадинај.