Тачи: Нема да има поделба, но ќе има корекции на границата

Косовскиот премиер, Хашим Тачи категорично негираше дека Косово ќе биде поделено, но потврди дека ќе има корекции на границата. На прашањето на новинарот на КТВ, што значи воведувањето на таканаречената „Прешевска долина” во дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел, Тачи рече дека верува дека ова е прилагодување на границата меѓу Косово и Србија по признавањето на Косово од страна на Белград.

Ќе имаме корекција на границата. Бидејќи работиме со сите земји од регионот и како што успеавме да постигнеме спогодби за разграничување со Црна Гора и со Македонија, во случај на взаемно признавање со Србија ќе имаме државни граници. Има околу 400 километри граница со Србија- рече Тачи, кој е уверен дека на Косово ќе му помогне и НАТО во тој поглед.

Тој рече дека прашањето за поделбата на Косово никогаш не била тема, а информациите за тоа ги нарекува „лажни вести“.