Тачи повторно за припојување на Прешево на Косово

Ако Косово и Србија за тоа постигнат договор, Прешевската долина може да се приклучи на Косово, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

Тој  исто така рече дека сега барањето на Албанците од југот на Србија, или од Прешевската долина-Прешево, Бујановац, Медвеѓа сега се институционализирани.

Како што пренесува „Коха“, Тачи рекол дека ако двете страни се согласат со овој договор, истиот не може да го спречат „дури ниту Европската унија, НАТО или САД”.

Косовскиот претседател, исто така, повтори дека ќе се случи демаркација со Србија и дека тоа ќе има „корекции“на границата, но не објасни подетално што тоа значи.

Според него, не се знае кога ќе се одржи следниот состанок на делегациите од Белград и Приштина во Брисел, но  истакна дека во текот на август и септември ќе се зголеми динамиката на состаноците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.