Тачи смета дека е можен договор со Србија во текот на 2019-та

Договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина може да биде склучен во текот на оваа 2019 година, смета во интервјуто објавено во понеделникот во британскиот весник The Guardian, косовскиот претседател Хашим Тачи.

„Мораме да седнеме (на преговарачката маса) дури и со нашите заколнати непријатели, и да се обидеме да се слушнеме едни со други“, вели Тачи.

Истакнува дека нема намера да ги повелече царинските намети од 100 отсто за стоките од Србија. Истовремено, косовскиот претседател укажува на неопходноста од скорешен напредок во преговорите со српската страна.

Според Тачи, нерешителноста на меѓународната заедница „прави слободен простор за дејстување на националистите и популистите од двете страни на границата“.

„Само мирен договор ќе придонесе просперитет… Демаркацијата на границата ќе биде составен дел од секој сеопфатен договор за заемното признавање. Сепак, „не може да има раздвојување по етничка линија. Тое е невозможно, и Косово и Србија ќе останат мултиетнички земји“, уверува Тачи.

Косово на 21-ви ноември воведе 100-процентно царинење на стоките од Србија и Босна и Херцеговина, двете држави кои не ја признаваат самопрогласената независност на поранешната јужна српска покраина. Подоцна властите во Приштина одлучија да ги наметнат овие царини и на сите стоки кои доаѓаат од територијата на централна Србија, вклучително и оние кои се од несрпско производство. Покрај тоа, косовскиот парламент на 14-ти декември го одобри формирањето на саопфатни вооружени сили, за кои Белград смета дека е спротивно на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при ОН.

Парламентот во Приштина потоа на 7-ми март усвои со мнозинство гласови закон со кој се утврдуваат основите на платформата за преговорите со Белград, Во усвоениот документ се утврдува откажувањето на косовските власти од размена на територии со Србија, се повикува на безусловно признавање на Косово од страна на Белград, а исто така вклучува и создавање кривичен трибунал за злосторства сторени од Срби врз албанското население.