Тадиќ: Обвинителството да покрене постапка за прислушувањето

Поранешниот српски претседтел и лидер на Социјалдемократската странка (СДС), Борис Тадиќ, денеска ја одржа својата трета прес конференција по повод „аферата прислушување“ на која изјави дека обвинитилеството ако не покрене постапка за тоа кој кого прислушувал, ќе покаже дека е под апсолутна контрола на Александар Вучиќ.

-Сè што Вучиќ кажа за мене и за прислушувањето е ноторна лага и тој лаже секојдневно, изјави Тадиќ на прес-конференција, додавајќи дека Вучиќ него го има прислушувано и дека јавноста тоа го дознала од изјавата на шефот на српската радикална партија, Воислав Шешеj.

Според Тадиќ, Вучиќ излажал дека ја отстранил ознаката за државна тајна пред да ги прикаже документите за прислушување пред јавноста на ТВ Пинк, затоа што тоа се прави со посебен чин и се објавува во Службен весник, а не пред камери.

Тадиќ го повика Вучиќ да „молчи или ќе ја продолжи својата борба“, потсетувајќи го дека веќе трет пат зборува пред новинарите на тема прислушување.

-Основни учители на Александар Вучиќ се Гебелс, Луј IX, кој кажа:„ Државата тоа сум јас “ и Воислав Шешељ“, кажа Тадиќ.

Според дописникот на МИА од Белград, за темата прислушувања денеска пишува и руски Комерсант, кој наведува дека „во овој скандал индиректно е вовлечена и Русија, поради прислушувањето на поранешниот амбасадор на Србија и Црна Гора во Москва.“

Комерсант наведува дека Вучиќ во гостувањето на ТВ Пинк, дал уште една „интересна изјава“, дека поранешниот амбасадор во Москва, Милан Рочен, бил тајно прислушуван по наредба на српските власти, за време на Борис Тадиќ кога тој бил претседател.

Весникот потсетува дека аудио снимките и записниците од телефонските разговори на Рочен, кој е сега главен советник на црногорскиот претседател, се однесуваат на 2005 и 2006 година и нив некое време ги објавува порталот In4s, „кој има репутација на истакнат противник на црногорските власти и на гласноговорник на српските специјални служби.“

Комесант додава да „коментарите на самиот портал не оставаат сомнеж дека главната цел на нивното објавување е дискредитација на црногорскиот референдум за независност во 2006 година, кој Русија го призна меѓу првите“.

Комерсант додава дека ова го истакнал и Вучиќ, велејќи дека Русија тешко можела да биде заинтересирана за објавување на разговори на поранешниот амбасадор во Москва и дека со тоа раководел Ранко Тадиќ, близок роднина на тогашниот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.