Таен документ кој открива зошто е пуштен Шешељ, во тек е геополитичка војна

47

Владимир Путин и Русија повоторно се обидуваат да се вратат на западен Балкан, а во тоа се обидува да ги спречи Ангела Меркел. Главниот заклучок на водечките светски медиуми како што се Financial Times, Reuters, The Guardian, или Der Spiegel кои во последните денови покажале невообичаено изразен интерес за подрачјето на западен Балкан. Притоа не се работи исклучиво на реперкусиите поради ослободувањето на Воислав Шешељ, туку за ширењето на геостратешкото надметнување меѓу САД и ЕУ, односно Русија.

Документ на германската влада предупредува на засилување на руското влијание во регионот во кој ги опфаќа земјите од балканот како што се Хрватска, особено Србија, Македонија и БиХ.

Хрватска и Македонија за „среќа“ воглавно се споменуваат во тек попатно, а во главна улога е Србија поради блискоста со Русија. На Западот се ги има повеќе, оние кои врските меѓу Москва и Белград ги оценуваат како потенцијална опасност за западен Балкан.

Така во анализата на Financial Times, неодамнешната посета на германскиот претседател Јоаким во Словенија, смета дека е поврзана со стратегијата на Берлин и прекинувањето на се поголемото руско влијание во регионот.

Неговата посета го симболизира германскиот интерес за југоисточна Европа. Треба да ги има уште вакви посети, а мораме да испраќаме и експерти, па макар тоа и не чинело. Русија доаѓа, во регионот и ние мораме да бидеме одговорни“, гласи објаснувањето на новата германска политика, како што ја согледува Родерих Киесеветер, членот на Одборот за надворешна политика во Бундестагот.

Економските сили на моќ

Германските политичари се загрижени од пристигнувањето на Путин во Белград, а уште повеќе од руската тактика на ширење на економското влијание меѓу посткумунистичките држави.

Бугарската со Руската врска е од историски и економски причини, а Словачката со Унгарската од енергетски кои им ги испорачува Путиновиот режим.

Руското влијание нема да се ограничи на Украина туку и на Москва сметајќи и на Србија, која е благодарна затоа што ниту Русија не го признава Косово. Во минатото поради правосилните врски Русија ја доживувала Србија како помлад брат, а последните години, Русите ги купија некои од најважните српски претпријатија.

Во Берлин велат: Русија разви стратегија за балканските држави. Иако нема воени амбиции, тоа и успеа со медиумското-финансиското-коруптивните операции“, заклучува Financial Times.

Ројтерс деновиве потсети на тоа како Меркел неодамна предупреди на руското влијание во Србија и другите држави на западен Балкан.

Русија се обидува 25 години по падот на Берлинскиот ѕид, кој сигнализираше слабеење на нејзиното влијание во источна Европа, да врати нешто од изгубеното.

Тоа е најочигледно во нејзината улога во Украина, но постојат префинети начини за кои Русија се определила за поранешните комунистички држави во Источна Европа – по пат не енергетски договори по кои таа е нивен главен опсерватор, низ цврсти дипломатски врски и силни обиди да го придобие јавното мислење во се повеќе непријателската наклонетост на европскиот континент.

Битката за Србија

Според аналитичарите на Ројтерс, политичката борба на Западот и Истокот околу Србија се заострува, а српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш и движење на рускиот медиумски сервис во Србија е дел од „меката дипломатија“ со цел поправање на имиџот и зајакнување на влијанието во светот. „Србија балансира меѓу Владината посветеност на ЕУ интеграциите и претежно конзервативното друштво во кој некои Срби чувствуваат наклонетост кон Русија. Јавно да се наљути Русија е политички неприфатливо во Србија. Србија одби да ги изврши санкциите кон Русија поради кризата во Украина и покрај притисокот да ја усогласи надворешната политика со онаа на ЕУ, гласи анализата за ситуациите во соседните држави.

„Нова ледена доба на Балканот“, објавиле германските и австриските медиуми кои во последно време така интезивно се занимаваат со односите меѓу Србија и Хрватска.

Кронен Зеитунг се занимавал со ситуацијата во Србија низ констатацијата дека со враќањето на Шешељ во Србија, на мака се нашле премиерот Вучиќ и претседателот Николиќ. Но прашањето е дали пуштањето на Шешељ е дел од планот за дестабилизација на Балканот, кој стои како тампон зона меѓу Истокот и Западот.

„Двајцата биле негови блиски соработници, кои со него ја прекинаа соработката во есента 2008 година. И додека ВУчиќ се обидува да се дистанцира од новонастанатиот проблем Николиќ до сега не изговорил јавно ниту еден збор“.

„Две најважни држави на Балканот повторно се во политички клинч“, објави веб изданието на австрискиот дневник Тирелер Тагесцеитунг, кој ја пренесе инфорамацијата на Јутарни лист дека хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ја откажа посетата во Белград.

Австрискиот весник го пренесе ставот на премиерот на Србија Александар Вучиќ дека тој не дозволува да му држат „лекции за демократија“ и ја цитира неговата изјава. „Не сме вреќа за удирање“.

Скриените руски пораки

Информациите за тајните одлуки од кабинетот на Ангела Меркел за спречување на руското влијание на Балканот прв го објави добро информираниот дневник Дер Спиегел.

Тамошните новинари, се состанале со неименуваните должници во Берлин, кои признале како располагаат со цврсти докази дека Русија се обидува да го зацврсти влијанието на Балканот, а државите во регионот да ги уверат да не се обидуваат да станат членки на ЕУ. Во тајните документи под името „Руското влијание на Балканот“, опишуваат дека Москва за создавање на цврсти врски со Србија. Освен воената соработка, и испораките на енергенси, Русите се почесто користат панславенска реторика и потсетуваат на долгогодишната меѓусебна врска, а нагласуваат и дека Москва и Белград еднакво гледаат на прашањето на Косово.

Исто Русите сакаат да влијаат на БиХ на тој начин што ја поддржуваат Република Српска

„Намерата на Путин е да ги уверат балканските држави да се откажат од членството во ЕУ или ако веќе станат, во тој случај да ги застапуваат руските интереси“, пишува во документот на владата во Берлин.

КОМЕНТАР: Путин нема сам да запре, некој мора да го сопре

Владимит Путин цврсто одлучил да ја врати моќта на Русија, која некогаш ја имал СССР. Тешко пател, гледајќи го срамот на Русија во текот на 90-те, кога се случи Револуција на розата во Грузија, па Портокаловата во Украина. А потоа сватил дека дошло до редефинирање на геополитичката слика на свето, Кина порасна, Ирак застана на американските нозе, а ЕУ се мачи со новите членко и својата немоќ.

Па во 2008 година ја раздрма Грузија и се дрзна да допре во нејзините интереси на сверата и за тоа не беше казнет. Тогаш почна да сонува за евроазиска заедница во која очекуваше да се случи сето она кое си го замислил. Но Украинците повторно му рекоа не. Па на фин начин им го собра Крим и почна граѓанска војна. И тогаш се појавија оние кои мислеа дека Путин ќе падне, дека му е доста.

Погрешно, Путин сват дека со него никој на Западот не сака да војува, дека ќе го мачат со санкции, но тој зад себе ја има јавноста, ги има парите, а клучно е само да не се покаже како губитник.

Затоа преку Естонија и Латвија, ја навлекува Абхазија, го држи на ланец карикатуралниот Милорад Додиќ, со пари го привлекува Виктор Обран, а стигнува на ред и Александар Вучиќ со Косово. Старите интереси на сферата треба да се чуваат и да се засили влијанието, и темелите на одлуките со ваквата политика. Поготово кога во раце се има толку силно оружје како што е енергијата и Косово. И јасно е дека Путин нема да сопре. Кој мисли поинаку гадно се лаже.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.