Тахири: Могерини влезе во авантури кои можеа да доведат до војна на Балканот

55

Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека Високата преставничка на Европската унија (ЕУ) Федерика Могерини до пред една година ги застапувала европските принципи на Балканот, но потоа тие принципи ги прекрши и „влезе во авантури кои можеа да доведат до војна на Балканот“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тахири за весникот „Зери“ изјави дека неколку пати се сретнала во Брисел со Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, при што стекнала различни впечатоци за петгодишниот ангажман на Могерини на чело на европската дипломатија.

– Според моето искуство со госпоѓа Могерини, таа до пред една година беше во одбрана на европските принципи на Балканот, што подразбираа дека шесте балкански земји, вклучително и Косово, треба да станат членки на ЕУ. Меѓутоа, што се случи последната година и зошто таа ги прекрши европските принципи и влезе во авантури кои можеа да доведат до војна на Балканот, тоа не го разбирам, изјави Тахири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.