Таинствено запленување документи во врвот на Ватикан

Правосудството на Светата столица во вторникот запленило „документи и електронски уреди“ во канцалриите на државниот секретаријат и Бирот за финасиско информирње (финансиската полиција), соопшти Ватикан.

Заплената се случува по дојавата на упатени извори од почетокот на летото во врска со „претходни финансиски операции“, се наведува во соопштението“ во кое не се открива за какви операции точно станува збор.

Дражвниот секретаријат, тело на властите на Католичката црква, тесно соработува со папата Франциск.

Бирото за финансиско информирање (AIF), чие седиште е во близина на резиденцијата на Светиот отец, е едно од телата за сузбивање на перењто пари кое настојуваше да се пресмета со матните операции на папската банка (IOR) која претходно беше вмешана во скандали.

Заплената која е изведена во вторникот ја наредиле главните обвинители на ватиканскиот суд, Џан-Пјеро Милан и неговиот помошник Алесандро Диди, кои претходно ги известиле челниците на институциите во кои е извршен претресот.

Дојавите на судот му ги пренеле Ватиканската банка и Бирото на главниот ревизор, задолжен за сметководствената и финансиска контрола на сметката на Ватикан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.