Најмалку 10 лица загинаа, а 370.000 се евакуирани пред налетот на тајфунот „Рамасун“, кој ги зафати Филипини.
Како што пренесе „Франс прес“ ветерот со брзина од 250 километри на час и обилниот дожд предизвикале хаос ширум Манила и зафрлените рибарски села.
Најсилното невреме кое оваа година ги зафати Филипини продолжи да се движи јужно од Манила, кон островот Лузон, каде што тајфунот откорна дрвја и далековиди, поради што голем број луѓе останаа без струја.
Првата тропска бура во дождливиот период, тајфунот „Рамасун“ кој достигна јачина на невреме од втора категорија и продолжи да се движи кон запад и Јужното кинеско море, се очекува да прерасне во бура од трета категорија, со оглед на тоа што ќе се најде над море, пренесе „Ројтерс“.