Тајфунот во Јапонија однесе 10 животи, 90 се повредени

Во Јапонија 10 лица загинаа, а околу 90 се повредени во налетот на тајфунот Халонг, кој денеска се упати кон рускиот брег на Пацификот.

Иако тајфунот ја напушти Јапонија, официјалните лица го предупредија населението од возможни поплави и свлечилишта.

Евакуираните жители чиј што број изнесува 1,2 милиони, полека се враќаат во своите домови.

Поради тајфунот беа откажани 300 летови, поради што патниците биле блокирани на аеродромите ширум земјата.