Тајландската изборна комисија разгледува распуштање на партијата која ја номинираше принцезата

23

Тајландската изборна комисија ќе се сретне во понеделник за да ги разгледа можните санкции за политичката партија којашто ја номинираше 67-годишната принцеза Уболратана Раџаканја Сиравдана Барнавади, како свој избор за премиер, соопшти функционер во неделата.

„Без разлика дали ќе биде донесена одлука за распуштање на партијата или за наметнување санкции, сето тоа ќе го разгледуваме во понеделник“, изјавил висок член на тајландската изборна комисија кој сакал да остане неименуван, пренесува агенцијата DPA.

Откако тајландската партија Ракса Чарт, на соборениот премиер Таксин Шинаватра, во петокот ја номинираше принцезата Уболаратана како свој кандидат за премиер, кралот Ваџиралонгкорн остро ја прекори најавата, велејќи дека би било „непримерно“ неговата постара сестра да се кандидира за должноста.

Во соопштението објавено во саботата, партијата соопшти дека ја прифатила одлуката на монархот Бациралонгокр и вети своја верноста на кралот и кралското семејство.

Принцезата Уболратана Раџаканја Сиравдана Барнавади, 67-годишната постара сестра на кралот Маха Ваџиралонгкорн, требаше да биде кандидатка на партијата на соборениот премиер Таксин Шинаватра, политичар кој беше во центарот на политичките турбуленции и ривалските улични протести кои со години го тресат тајландското општество.

На Уболратана еден од водечките противкандидатите на изборите на 24-ти март ќе ѝ биде актуелниот премиер Прајат Чан-оча, челникот на владејачката воена хунта, кој исто така ја најави својата кандидатура во петокот. Сѐ уште не се знае дали номинацијата на Уболратана, која е голема корисничка на социјалните мрежи и поранешна ѕвезда на сапуници која со години живеела во Калифорнија, ја има поддршката од кралот.

Тајланд е уставна монархија од 1932 година, но кралското семејство има огромно влијание и милиони поддржувачи. Кандидатурата на припадничка на кралското семејство за партијата Таи Ракса Чарт, поборничката на Таксин Шинаватра, би можело да влијае врз рекомпонирањето на изборите на коишто се гледа како на директна битка меѓу неговите популисти и нивните сојузници, од една, и воено-монархистичката елита, од друга страна.

Судирите меѓу монархистичките елити во Банког и на Шинаватра, чии поборниците се главно од руралните средини, веќе 15 години предизвикуваат масовни улични протести, воени ударии насилни судири. Аналитичарите разгледуваат дали номинацијата на принцезата претставува обид да се излезе од овој раздор, со поддршка на кралот кој на власт стапи по смртта на неговиот татко во 2016 година, или претставува храбар потег на приврзаниците на Шинаватра да ја поктопаат кралската привлечноста на партиите кои се верни на сегашните власти.

Тајландската уставна монархија има ограничена моќ, но ужива голема поддршка од извонредно имотната деловна елита и војската која доминира во политиката преку честите пучеви. Кралското семејство го штити и еден од најстрогите закони на светот за навреда на честа на велечеството кој предвидува 15 години затвор за секоја навреда упатена кон кралот, кралицата, наследникот или регентот. Овој закон оневозможува секаква отворена расправа за улогата на кралското семејство и поттикнува автоцензура во тајландскиот медиуми.

Skin Delight