Тајландската принцеза официјално дисквалификувана од трката за премиер

38

Тајландската принцеза, 67-годишната Уболратана Раџаканја Сиравдана Барнавади, постарата сестра на кралот Маха Ваџиралонгкорн, официјално е дисквалификувана од трката за премиерка на општите избори на 24-ти март, објави во понеделникот централната изборна комисија.

Комисијата ја објави листата со кандидати од 45 партии, а принцезата не е на овој список. Одлуката е донесена три дена откако Таи Ракса Чарт, партијата која неодамна ја основаа следбениците и сојузниците на соборениот премиер Таксин Шинаватра, ја номинираше принцезата за своја кандидатка за претседателка на владата.

Меѓутоа номинацијата без преседан набрзо беше соборена со писмената изјава на кралот во која оцени дека е неуставно и високо несоодветно во мешањето на политиката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.