Тајмс: Сопругата ќе го остави Ципрас ако потпише лош договор

Грчкиот премиер Алексис ципрас наводно изјавил дека неговата сопруга Бети Базиана ќе го остави доколку потпише договор кој вклучува мерки за штедење објави Тајмс, пренесува Григ рипортер.

Според пишувањата на весникот, Ципрас на неговите блиски соработници им открил дека неговата сопруга со која е во брак 25 години и со која има две деца се заканила дека ќе го остави ако отстапи од преговорите и ако биде присилен да потпише „лош договор“ за да го избегне банкротот на Грција.

tsipras_zena_2

Базиана која по професија е инженер, се запознала со Ципрас во средното училиште Ампелокипи за време на студентските демонстрации од 1990- 1991. Во тоа време тие двајцата биле активисти и членови на подмладокот на Грчката комунистичка партија.

Ципрас во средата изјави дека е подготвени да ја прифати целосно одговорноста за последиците од одбивањето на нефер договорот со кредиторите. Тој побара подобро решение за грчката должничка криза, кое што ќе ја извади земјата од рецесија и ќе ја насочи кон раст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.