Тајна средба за договор за подбуцнување тензии?!

Во новинарската јавност се повеќе се говори за наводна неформална средба, која се случила пред неколку дена меѓу новинарот и уредник Ацо Кабранов, првиот човек на Институт Отворено Општество Владимир Милчин, професорот Љубомир Фрчковски заедно со член на раководството на СДСМ близок до лидерот Зоран Заев, објавува порталот „Денешен.мк“.

Повикувајќи се на сопствени извори, „Денешен“ пишува дека на средбата се зборувало за можноста да се извлече политички бенефит од настаните околу случајот „Монструм“, извлекувајќи заклучок дека енергијата треба да се насочи кон стимулирање на етнички и религиозни тензии кои би се врзале со предизвикување на незадоволство насочено кон главните актери на власта и би им донеле негативни политички поени.

За таа цел на средбата било договорено да се искористат сите расположливи ресурси, вклучително медиумите, платените експерти блиски до СДСМ, невладините организации, при што Милчин на располагање ја ставил и полугата на албански медиуми кои се финансирани од СОРОС, како и Албанци интелектуалци кои се на платниот список на оваа организација.

Нивната задача би била во јавноста да креираат тензија и етничка нетрпеливост, при што и самите биле свесни дека тоа е лесно распламлива тема која може многу лесно да стане актуелна.

Било договорено СДСМ како партија што е можно повеќе официјално да се држи настрана од таквите случувања и да се воздржи од јавни коментари кои би дошле од членовите на потесното раководство, но за сметка на тоа сите расположливи ресурси да ги стави на располагање на планот за креирање на тензии. Според нашите извори, на средбата било истакнато дека ова е момент кој може максимално да се искористи во креирање на незадоволство.

Настаните кои следат овие неколку дена потврдуваат дека сценариото од информациите за ваква една средба на големо се остварува. Сите портали финансирани од СОРОС се максимално посветени во публикувањето на вести и превземањето на содржини од албанските медиуми каде на големо се шири тензија и етничка нетрпеливост. Фрчковски го даде својот печат со колумна посветена на ограничувањерто на слободи права, а Кабранов како предводник на македонските портали финансирани од СОРОС кои длабоко се влезени во одработување на картата за етничка и верска нетрпеливост.