Тајванците ги отфрлија истополовите бракови

64

Поборниците на правата на геј заедниците доживеа неуспех на референдумот одржан во саботата на Тајван, каде што конзервативните граѓански групи во големо мнозинство се изјаснија против браковите на лица од ист пол.

На другите два референдума спроведени истовремено, шест милиони гласале за истополовите бракови, а околу три милиона биле против. На уште два плебисцита, кои ги организираа геј здруженијата, собрани се уште три милиона гласови за истополовите бракови, но не успеаја бидејќи повеќе од половината од овој број, односно над милион и пол, биле против.

Тајванските избирачи во саботата излегоа на вкупно десет референдуми, како и на локални избори на коишто пораз претрпи владејачката Демократска напредна партија, од чиешто челништво поради тоа отстапи претседателката Тцаи Инг-вен.

Повеќе од седум милиони граѓани потврдно одговориле на референдумското прашање: „Сметале ли дека бракот дефиниран со законот треба да биде ограничен на заедницата на маж и жена?“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.