Таки Фити: Прогресивен данок да, но не и нови даноци во рецесија

Во време на рецесија не треба да се зголемуваат даноците, изјави академик Таки Фити, вечерва во емисијата 24 анализа. Професорот тврди дека нужно е да се спречи сивата економија и избегнувањето на плаќањето на данок и на непродуктивната владина потрошувачка на луксузирање. Владата најави повисока еколошка такса за горивата. Инаку Фити пред еден месец тврдеше дека за да се менаџира јавниот долг треба да се овозможи прогресивност кај данокот на личен доход.

„Евентуално ако има потребана зголемување на даноците, но веќе е најавено од страна на владата зголемување во 2023 на персоналниот данок на доход, Но, сметам дека таму треба да одиме со блага даночна прогресија. Прво треба владата да испита дали од 2023 кога тоа ќе го воведе, дали ќе воведе категорија која комлетно ќе биде опфатен од ослободување на данок на доход. Оние со најнизок приход, комлетно да бидат ослободени од тоа со нула даночна стапка.“ – рече Фити.

Академик Фити истакна дека е важна втората маргинална даночна стапка која ја погодува средната класа, и да се види прагот на третата која ќе ги погоди најбогатите за кој се смета дека е фер да плаќаат повисок данок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.