Такси станица на местото на цвеќарите на „Бит пазар“

Општина Чаир и Град Скопје во меѓусебна координација започнаа со дислокација на трговците кои се занимаваат со продажба на цвеќиња долж булеварот „Крсте Мисирков“.

Портпаролот на Општината, Куштрим Ала, денеска изјави дека продавачите привремено се дисплоцирани зад Поликлиниката „Бит пазар“, со цел да се иницира решение за хаосот кој се предизвикува на булеварот и справување со ситуацијата со јавните површини во општината.

Со ослободување на просторот каде порано се одвиваше трговската дејност, се создаваат потребните технички предизпозиции за отпочнување со процесот на уредување на булеварот и изградбата на новата такси станица предвидена на тоа место. Што се однесува до одредената локација треба да се потенцира дека ова претставува само привремено решение кое ќе важи  до изградбата на новиот пазар кој ќе поседува просторен капацитет за квалитетно извршување на трговската дејност,  рече Ала.

Тој додаде дека на моменталната локација е инсталирано јавно осветлување и се преземени мерки за создавање на оптимални услови за работа. Истотака, преку средствата за информирање, како што кажа, граѓаните ќе бидат запознаени со новата локација на трговците, со цел процесот на купопродажба да се одвива нормално без никакви пречки и застој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.