Таксист од Кавадарци претепал колега од Неготино

35

Таксист од Кавадарци нападнал негов колега од Неготино. Неготинецот се здобил со повреди. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-На улица „Мaршал Тито“ во Неготино утрово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на 53- годишник од Кавадарци. Тој управувал кавадаречко такси возило и нападнал 60-годишен таксист од Неготино, при што, му нанел телесни повреди и веднаш се упатил во непознат правец, соопшти Додевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.