Талат Џафер го одзема правото на пратеник да постави писмено прашање до Заев

Талат Џафери прекршувајќи го Деловникот за работа Собранието го вратил писмено поставеното прашање од страна на пратеникот Иван Стоилковиќ коешто требало да биде упатено до претседателот на Владата Зоран Заев.

Иако според член 41 од Деловникот на Собранието, Џафери имал обврска да го достави прашањето до Заев кој исто така има обврска да одговара на прашања поставени од пратениците, тој не се обратил до претседателот на Владата и не го доставил прашањето од страна на пратеникот Стоилковиќ.

Во одговорот кој што Џафери го дал до пратеникот Стоилковиќ се гледа дека прашањето не било доставено до претседателот на Владата Зоран Заев туку самиот Џафери наместо да бара одговор на пратеничкото прашање од Заев, тој се ставил во функција да одговара на прашањето на пратеникот, нешто што досега не го направил ниту еден претходен претседател на Собранието.

Овој случај претставува уште еден од низата преседани на Џафери кои што им се познати на македонската јавност кога се работи за ускратување на демократските права на пратениците да поставуваат прашања и да бараат одговори од Владата на Република Македонија и другите институции.

Според членот 37 од деловникот за работа секој пратеник има право да постави прашање до Владата или на членови од Владата и други носители на јавни функции, а Талат Џафери е должен да го испочитува тоа право и да бара одговори на пратеничките прашања од страна на пратениците.