Талат Џафери цели кон Вила Водно

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе настапела со свој кандидат за претседател, доколку не се постигнал договор со СДСМ за заеднички консензуален кандидат, односно Стево Пендаровски, пишуваат медиумите на албански јазик. Според заменик-претседателот и шеф на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, нивниот потенцијален кандидат несомнено би бил Талат Џафери.

Имаше гласини и во СДСМ, но и во рамките на ДУИ, за излегување на изборите со партиски кандидати, а ние бевме подготвени и за таа опција. Талат Џафери ќе беше најверојатно кандидатот на ДУИ, вели Меџити.

ДУИ пнајпрвин предупреди за нивен настап на изборите со партиски кандидат, но потоа сепак постигна договор со СДСМ за заеднички кандидат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.