Талибанци се инфилтрирале во авганистанската полиција и убиле најмалку 24 полицајци и војници

32

Шестмина талибански бунтовници кои успеале да се инфилтрираат во авганистанската полиција денеска убиле најмалку 24 полицајци и војници во јужната покраина Забул, која во огромен дел е под контрола на талибанците.

Инфилтрираните талибанци рано утринава пукале во припадниците на авганистанските безбедносни сили додека спиеле во место во близина на Калата, главниот град на провинцијата Забул, изјави гувернерот на провинцијата Рахматулах Џамал, пренесоа француските медиуми.

Шефот на Советот на провинцијата го потврди билансот на жртвите и додаде дека напаѓачите потоа украле три возила и оружје и имале контакти со талибанците.

Четворица припадници на безбедносните сили, исто така, се водат за исчезнати.

Талибанците засега не се изјаснија за инцидентот

Овој напад е еден од најкрвавите од 29 февруари, кога САД и талибанските бунтовници во Доха го потпишаа договорот за повлекување на странските сили од Авганистан во следните 14 месеци.

Нападот се случи и само еден ден по апелот за примирје на авганистанката Влада во Кабул за да се овозможи борбата против ширењето на коронавирусот, за кој се стравува дека тешко ќе ја погоди оваа земја со здравствен систем во распаѓање по речиси 40-годишната граѓанска војна во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.