Талибанците и Владата во Кабул одржаа на Скајп разговори за ослободување затвореници

Талибанците и авганистанската Влада одржаа „виртуелен состанок“ на кој разговараа за ослободување на затворениците.

На вчерашниот разговор беше разгледано ослободување на затворениците, што се закануваше за позитивен исход на новиот мировен прцес. Двете страни имаат различни погледи за ослободување на затвореници – авганистанската Влада сака фазно и условно ослободување додека талибанците сакаат сите затвореници да бидат ослободени наеднаш како што е предвидено во договорот потпишан со САД во Доха минатиот месец.

Ќорсокакот се закани дека ќе ги наруши преговорите за мировниот процес, вклучително и повлекување странски сили од Авганистан по над 18 години борби.
Двете страни разговараа повеќе од два часа на состанокот на Скајп, организиран од САД и Катар, соопштија властите.

„Ослободувањата на затворениците од обете страни се важен чекор во мировниот процес, како што е наведено во договорот на САД и талибанците“, објави на Твитер специјалниот претставник на САД, Залмај Калилзад.