Талибаните барале новинар на DW па му го убиле роднината

Припадниците на радикалното исламистичко движење Талибан откако во неделата ја преземаа власта во Авганистан убиле роднина на новинар на Deutsche Welle, објави оваа информативна мрежа чиешто седиште е во Германија.

Милитантите пребарувае кужа по куќа во потрага по новинарот, кој сега работи во Германија, објави DW во четвртокот. Друг негов роднина е тешко ранет, но другите роднини успеале да побегнат, се додава ви информацијата без поединости за инцидентот.

Генералниот директор на DW, Петер Либург, го осуди убиството и изјави дека тоа покажува каква опасност им се заканува на медиумските работници и нивните семејства во Авганистан.

„Убиството на близок роднина на еден од нашите уредници кое вчера го извршија талибаните е незамисливо трагично и сведочи за акутната опасноста во која се најдоа нашите работници и нивните семејства. Евидентно е дека талибаните веќе спроведуваат организирани трагаа по новинарите, и во Каубул и во провинциите. Ни снемува време“, изјави Лимбург.

Талибаните упаднаел во домовите на најмалки тројца други новинари на DW, тврди оваа мрежа.

По заземањето без борба на главниот град Кабул во неделата, талибаните ветија медиумски слободи и помилување за сите политички противници. Меѓутоа, во доверливиот документ на ОН во кој увид во четвртокот имала агенцијата AFP, се наведува дека се засилени трагањата по лица коишто соработувале со САД и силите на НАТО.