Талибаните се согласиле да се спроведува вакцинирањето против детска парализа

Талибанските челници се согласиле во Авганистан повторни да започне вакцинирањето против детската парализа според планот „од врата до врата“, заеднички во понеделникот соопштија Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и УНИЦЕФ.

Вакцинацијата ќе започне на 8-ми ноември, и тоа ќе биде првата кампања за вакцинирање по повеќе од три години и со неа ќе бидат опфатени сите деца во Авганистан, вклучлително и повеќе од 3,3 милиони деца на кои пристапот им бил оневозможен во некои делови од земјата.

Претходните години медицинските тимови за вакцинирање во областите под контрола на талибаните постојано наидуваа на тешкотии и пречки, бидејќи приврзаниците на радикалното исламистичко движење ги обвинуваа лекарите дека се шпиони кои собираат податоци за нивните борци.

Талибанските водачи сега ветиле дека во кампањата за вакцинирање ќе им дозволат да работат жени и дале безбедносни гаранции за сите здравствени работници ширум земјата.

Во јуни во источен Авганистан беа убиени пет членови на лекарски тим кои ги вакцинирале децата против полио. Авганистан и Пакистан поради отпорот кон вакцинацијата се меѓу неколкуте земји во светот во коишто детската парализа и натаму е присутна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.