Делегација на радикалното исламистичко движење Талибан се сретнале со специјалниот пратеник на рискиот претедател, Владимир Путин, за Авганистан, дуректорот на вториор оддел за Азија при руското министерство за надворешни работ Замир Кабулов и приот било дадено ветување дека авганистанската територија од која до крајот на август ќе се повлечат странските трупи нема да биде користена за напади врз други земји, што е и еден од клучните моменти од договорот од пред две години во Доха постигнат меѓу талибаните и САД за повлекување на американските војници.
„На состанокот, делегацијата на Исламскиот емират (самонаречениот систем на владеење на талибаните), ја повтори својата позицијата дека авганистанската земја нема да биде користена против никого“, го цитира агенцијата РИА соопштението на руската дипломатија.
Политичките претставници на движењето, исто така, изјавиле дека се заинтересирани за постигнување одржлив мир во Авганистан. Покрај тоа, тие уверувале и дека граничните премини со соседните земји ќе функционираат вообичаено.
Посетата на талибанската делегација ќе трае два дена, предводена од еден од челниците на политичката канцеларија на движењето со седиште во Катар, Шахабудин Делавар. Тој истовремено е и шеф на одделот за односи со авганистанските граѓани на талибаните.
Русија стравува дека спиралата на насилствата во Авганистан може да се прелее во нејзините соседни земји во Централна Азија, како бранови бегалци или џихадистички закани, па дури и да предизвикаат граѓанска војна во една од поранешните советски републики.
Некои од авганистанските војници преминуваат на територијата на соседен Таџикистан. Поради тоа владата во Душанбе побара од сојузниците во регионот помош во справувањето со предизвиците кои доаѓаат од Авганистан и за заеднички напори за зајакнување на јужните граници.
Во Авганистан во моментов се водат жестоки борби меѓу владините сили и талибанските бунтовници, кои зазедоа значителен број окрузи во руралните области и започнаа офанзива за освојување на големите градови окружни центари.
Многу окрузи авганистанските безбедносни сили ги напуштиле без борба, соопштија членови на локалните совети. Според нив, безбедносните сили го загубиле моралот поради недоволната воздушна поддршка и резервите кои не можат навреме да бидат доставени до загрозените области.
Откако меѓународните сили започнаа со повлекувањето од Авганистан на почетокот од мај по 20-те години борбени дејствија во земјата, четвртина од сите окрузи се под контрола на талибаните.
Неодамнешните офанзиви на талибаните главно беа насочени кон северот на земјата. Според Авганистанската аналитичка мрежа, ткн „кабулски труст на мозоци“, нивната цел била да се спречи создвање нивна опозиција на северот.