Талибанска делегација во Кина на преговори за безбедност

Деветчлена делегација на авганистанското радикално исламистичко движење Талибан престојува во дводневна посета на Кона, каде што се сретна со високи претставници на министерството за надворешни работи за мировниот процес и безбедносните прашања, соопшти движењето во средата.

„На состаноците се разговараше за политиката, економијата и прашањата поврзани со безбедноста на двете земји и моменталната ситуација во Авганистан и мировниот процес“, објави на Twitter талибанскиот портпарол Мохамед Наим.

Наим додава дека делегацијата, којашто ја води талибанскиот преговарач и заменик на лидерто на движењето Мула Барадар Акунд, исто така, ќе се сретне со специјалниот кинескиот претставник за Авганистан, како и дека оваа посета следела по покана на кинеските власти.

„Делегацијата ја уверуваше Кина дека нема да му дозволи никому да ја користи авганистанската територија против Кина. Кина, исто така, ја повтори својата определба за прподолжување на помошта на Авганистан и рече дека нема да се меша во прашањата на Авганистан, но ќе помогне во репавањето на проблемите и обновувањето на мирот во земјата“, изјави Наим.

Од кинеското министерството за надворешни работи соопшти дека високиот кинески дипломат Ванг Ји се сретнал со претставниците на талибаните во северниот кинески град Тиjанџин.

Медиумите оценуваат дека оваа посета би требало веројатно да о зацврсти признавањето на милитантното движење на меѓународната сцена во чувствителниот период за иднината на Авганистан, дури и доколку населението се зголеми во земјата.

Талибаните имаат свое политичко претставништво во катарска Доха од каде ги водат мировните преговори и претходно овој месец испратија претставници и во Русија, а во Иран одржаа состанок со авганистанската владина делегација.

Безбедноста во Авганистан, со кој Кина има заедника граница, забрзано се влоѓува по повлекување на меѓународните сили предводени од САД по дводецениската инвазија во земјата која треба да биде завршена на почетокот на септември.

Талибаните започнаа низа офанзиви во кои заземаа многу окрузи и гранични премини ширум земјата, додека мировните преговори со владата во Кабул не остварија поголем напредок.