Талибанските и американските претставници преговорите за Авганистан во сабота

Талибанските и американските претставници кои преговараат во Катар за начинот на кој да се заврши војната во Авганистан имале „опсежни“ преговори за тоа како може да бидат повлечени странските единици и како да се гарантира дека земјата повторно нема да користи странски сили за напад на други земји.

Специјалниот мировен претставник на САД, Залмај Калилзад во твит напиша дека средбата во Доха била продуктивна. „Продолжуваме да преземаме чекори полека кон разбирање и конечен мир“, вели Калилзад и додава дека преговорите ќе бидат продолжени во сабота по дводневната пауза.

По продолжението во средата, двете страни одлучиле дека ќе одржат консултации и ќе се подготват за следната средба, според изјавата којашто ја објави портпаролот на талибаните, Забиула Муџахид.

Двете страни ги продолжуваат преговорите оваа седмица откако постигнале значителен напредок во претходниот круг од преговорите, одржани исто така во Доха во јануари.

И додека САД и другите стррански сили долго време останаа на тоа дека мировниот процес треба исклучиво да го водат Авганистанците, талибаните оваа седмица повторија дека се против директните преговори со претседателот на администрацијата Ашраф Гани во Кабул, којашто ја сметаат за нелегална влада.

Абдул Гани Барадар, познат и како Мула Барадар, соосновач на тврдолиниското исламистичко движење, беше ослободен од пакистански затвор минатата 2018 година за да учествува во преговорите и неговата присутност ја покажува подготвеноста на талибаните да вклучат високопозицонирани личности како преговарачи.