Тамара Милановиќ: Голема плачка сум, ама така се ослободувам од стресот!

Ќе може ли на почеток македонската публика да ја запознае Тамара Милановиќ, која е, од каде талентот за пеење, какво образование има?

-Немам никакво музичко образование, самоук сам. Пеам од најмладите денови, прво сама за себе, а потоа и со мојот брат кој свира на гитара. Така најмногу вежбав во мојот живот.

Тамара, колку медиумската слика се разликува од тоа што ти си приватно?

-Зависи од самите медиуми (се смее). Генерално, јас сум таква како што медиумите ме претставуваат до сега, со мали исклучоци.

Daniel-Kajmakoski-Tamara-Milanovic-Maid-Hecimovic-foto-x-factor-luka-pilipovic (2)Што беше пресудно во одлуката да заминеш на “X Factor” – желбата за тебе и твојот талент за музика да го дознае што поголем број, хонорарот, или нешто сосема трето?

-Отсекогаш ми било убаво да пеам, без оглед на тоа кој број на луѓе го слуша тоа. Целта секако ми беше што поголем број на луѓе да слушнат за мојот талент, во тоа што го пеам да ужива и целата публика, но поголемо уживање за мене беше додека сум на сцена. Тоа чувство е неописиво. Говорам за сцена која ја имавме на „X Factor”. Немаме многу такви сцени и можности во животот.

Си задоволна од твоето учество во “X Factor” и сметаш ли дека на вистински начин се претстави себеси?

-Презадоволна сум со се’ што направив во “X Factor”. Ниту една наша задача не беше секој пат успешна, но беше лекција за сите нас. Јас лично сум многу задоволна од тоа што го направив за себе. Многу убаво го доживеав тоа, имаше и тешки моменти, но сметам дека постигнав огромен успех, без разлика на крајниот пласман.

tamaraШто се промени во твојот живот после “X Factor”. Ти годи ли новостекнатата популарност?

-Ми годи популарноста, и многу време пред „X Factor” знаев дека вакво нешто го сакам за себе. Нешто што моите квалитети ќе ги истакне до крај.Она што на сцена се буди во мене е нешто најдобро за мојата публика. Тоа е една од моите страни која ја открив додека бев на натпреварот. Буквално се’ се промени со учевството. Во приватниот живот сега имам многу поголема самодоверба, но се уште работам на тоа. Научив многу за животот, пријателството, за љубовта, и за работата која ја работевме во текот на натпреварот. Сите тоа го научивме.

gl-editorijal-567 (2)

Те погоди ли многу коментарот на Жељко Јоксимовиќ дека си вообразена девојка. Како тоа ти го доживеа?

-Како што го доживеав тој момент – така настапи и целата емоција во мојата изведба, поради што ми е многу жал. Неговите коментари беа со лична осуда, и во најмала рака пофални за мене. Кажав многу пати дека таа емисија беше едно големо тест за нас сите, и добро се покажавме.

Она што беше интересно е што плачеше мноу пати. Дали тоа значи дека си плачка и во приватниот живот?

-Станувам хиперсензитивна за тоа што навистина ми значи, и ако не ми оди како што треба знам да пуштам солза. Така се бранам од стресот.

Ако победеше на “X Factor” како мислеше да ги потрошиш парите? Што ќе си купеше?
-Да победев прво ќе снимав сингл, па би купила автомобил и во првиот момент би возела со него да се одморам малку на море.

Покрај музиката, која е твојата голема љубов, кои се твоите страсти. Можеби модата?

-Јас многу сакам да фотографирам. Немам професионален апарат, но многу сакам да ги ловам моментите во природа. Многу често го правам тоа, кога сум слободна.

Во текот на натпреварувањето стилистите се грижеа за вас. Научи ли нешто ново од нив, и колку се промени твојот стил на облекување?

-Нема некои драстични промени во мојот стил, само „украдов“ неколку добри комбинации.

Тамара Милановиќ, во гласот те споредуваат со Адел, во стасот на Мила Јововиќ, ти годи ли тоа?

-Нормално дека ми годи, на кој не би? (се смее Тамара)

Некаде по македонските медиуми се шушкаше дека си во љубовна врска со Даниел Кајмакоски, има ли вистина во тоа? Дури се зборуваше дека си ја прекинала врската со твоето момче додека беше на “X Factor” ?

-Еве, ова се тие исклучоци во кои меидумите си даваат за право приватно да ме опишуваат. Даниел и јас сме двајцата последни кои преживеавме во шоуто и таков пријателски однос изградивме и понаттаму го негуваме со него. Знаеме да имаме шега на наша сметка кога ќе излезе таков некаков наслов, меѓутоа навистина нема никаква вистина во тоа. Нема врска дека сум ја прекинала врската со моето момче. Мојата љубовна врска само стана поцврста по завршувањето на “X Factor”

intervju21

Што тебе ти е потребно за успешна љубовна врска?

-За успешна врска мислам дека се потребни многу работи. Взаемна љубов, хемија, здрава комуникација, почит, разбирање, малку закачки (да не биде досадно) и многуууууу трпение.

Што во овој момент те прави среќна и исполнета?

-Среќна ме прават малите работ. Убавите моменти поминати со моето семејство, моето момче, другарките.Моментално сум среќна на концертот во Скопје .

Тамара за крај, што и ветуваш на македонската публика по повод концертот во Скопје?

-Мислам дека сите заедно од “X Factor” ќе понудиме добра забава и дека сите заедно убаво ќе се забавуваме. Едвај чекам 🙂

Автор: Елена Стефановска