Тамара Тодевска во нејзин стил: „Ајде нека е честито“, позитивна сум на Коронавирус, не сум добро имам симптоми (ФОТО)

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска на својот инстаграм – профил објави дека е позитивна на ковид – 19.

На објавата таа го прикажа и резултатот од тестирањето на кој според направената анализа наведено е дека има присуство на вирусот SARS CoV-2

Тамара под објавата напиша: „Ајде нека е честито“

Додека Тамара го чекаше резулатот од тестирањето направи мини прашалник на својот инстаграм – профил со цел да не мисли на резултатот, а на едно прашање на еден нејзин фан како се чувствува таа напиша:

„Не сум добра, фала на прашање, имам корона симптоми, чекам резултати и така…“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.