„Танц со ѕвездите 2“ остана без Александра Накова и Илија Карадакоски

Македонската манекенка Александра Накова и нејзиниот професионален танцов партнер Илија Карадакоски се петтата танцова двојка која го напушта популарното шоу „Танц со ѕвездите 2“.

Влатко Илиевски и Александра Накова имаа ист број на гласови, а според правилата требаше да има танц за спас „Dance off“, но Накова одлучи да го напушти шоуто од приватни причини.

Имено, ден пред снимањето Александра имала сообраќајна незгода и поради набиеници не е во можност да тренира и да продолжи да се бори.

Во петтата по ред елиминациона емисија, продукцијата „Дрим фактори“ и МРТ ги изненадија гледачите со „Танц Маратон“ односно „Салсатон“.

Во „Танц Маратон“ преостанатите двојки се на сцена и играат се додека трае песната, судиите кажуваат кој си оди, а тој што најдолго останува на сцената добива најмногу поени.

Енергијата на шармерот кој освои многу женски срца – Илија Карадакоски и згодната манекенка Александра Накова ќе им недостигаат на гледачите, но продукцијата подготвува многу нови изненадувања кои ќе ги задржат гледачите на првиот програмски сервис на МРТ.