Тарабт: Јас сум мароканскиот Марио Балотели

Во средата, репрезентативецот на Мароко, Адел Тарабт и официјално беше претставен како последна зимска аквизиција на италијанскиот калчо гигант Милан.

За време на промоцијата, 24-годишниот играч за врска изјави дека сега Милан ги има на располагање и услугите на „Мароканскиот Марио Балотели”.

„Јас немам проблематичен карактер, но знам дека не сум омилен кај некои луѓе. Сепак тоа е нешто нормално кога е во прашање фудбалскиот свет. Знам дека моето однесување понекогаш е претставено на лош начин. Јас сигурно ќе бидам пријател со сите фудбалери на Милан. Кога слушнав дека Милан има покажано интерес за моите услуги веднаш помислив, ’Тие го имаат Италијанскиот Балотели, а сега со мене, ќе го имаат на располагање и Мароканскиот Балотели”. Сакам што е можно подобро да го запознаам Марио, сакам да ми биде голем пријател’”, изјави Тарабт.