Таравари: Не гледам подготвеност кај Заев да го реши случајот „Рекет“

Арбен Таравари во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за тоа како тој очекува да заврши случајот „Рекет“ при што посочи дека нерешавањето на овој случај остава многу дилеми и буди сомнежи кај народот.

-Јас се надевам дека ќе се реши случајот „Рекет“. Требаше поодамна, требаше да се преземат одредени чекори од  бившиот премиер Зоран Заев, но кај него гледам неподготвеност  да излезе до крај и не знам зошто. Можеше да го реши на многу елегантен начин од почеток за месец дена да се знае се што како било, а сега се оставаат многу дилеми и тоа веќе буди кај народот повеќе сомнежи, истакна Таравари.

Тој во своето гостување говореше и за Специјалното јавно обвинителство и потсети дека до пред една година оваа институција  претставувала институција со голема доверба кај граѓаните, а по една година претставува страшна депресија.

-Пред  една година СЈО беа институција  со голема доверба во државата и после една година е страшна депресија. Разочараност, нервоза меѓу тие што се вработени во СЈО и се надевам дека никој од граѓаните не би сакал ова да го види, но ова е вистина што го гледаме и тоа мора да се реши што побргу  толку подобро, додаде Таравари.