Таравари: Нема конкретен предлог од Ковачевски

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска на прес конференција, пред почетокот на првото централно Собрание, истакна дека нема кокретен предлог од премиерот Димитар Ковачевски за влез во Владата.

„Нема предлог, тоа се шпекулации“, додаде Таравари.

Според него, доколку имало предлог истиот ќе бил презентиран.

Инаку, партијата Алијанса за Албанците, денеска во Куманово ги избира новите раководни тела на партијата, откако пред околу еден месец на вонреден конгрес Арбен Таравари беше избран за претседател.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.