Таравари објави победа уште во првиот круг во Гостивар

Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари а воедно и кандидат за градоначалник на Алијанса и Алтернатива објави дека остварил победа уште во првиот круг над својот опонент Невзат Бејта. Во изјава за медиумите тој информира дека останува на позицијата и во Гостивар нема да има гласање на 30 октомври.

– Поминуваме од прв круг. ДУИ се обидува да прави проблеми со записниците, но имаме 53 отсто од гласовите од избројани 98 отсто од гласачите кои денеска одлучувале кој ќе биде градоначалник на Гостивар. Победуваме во прв круг, изјави Таравари.