Таравари оцени дека предлогот на СДСМ за 14-ти јуни е некоректен

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за ТВ 24 изјави дека нивнииот став е дека изборите, за доброто пред се на граѓаните, треба да се одржат на крај на јули или почеток на август и дека предлогот на владејачката СДСМ за 14 јуни е некоректен.

„Тоа ќе биде нашиот предлог на лидерската средба, но повторно ќе ги слушнеме сите, ќе разговараме и се надевам дека ќе стигнеме до консензус како што беше случај за 12 април, за одложување на изборите поради КОВИД-19 и сега се надевам дека ќе најдеме заедничко решение. Мислам дека предлогот на СДСМ за 14 јуни е некоректен. Пред се затоа што границите на ЕУ се отвораат на 15 јуни, значи еден ден претходно, односно некоректно е кон граѓаните кои што живеат или работат во било која држава надвое од Македонија“, вели Таравари.

Дали е погоден нивниот предлог за датум со оглед на тоадека повеќето од граѓаните се на годишни одмори, Таравари смета дека поради ситуацијата со коронавирусот, одмори оваа година нема да има.

„По сѐ она што се случува, денеска се тестирани многу малку пациенти, 140, и тоа е јас мислам намерно за да излезе 10-20 отсто и денеска излегоа повеќе од 10 отсто позитивни од тие што се тестирани и некако се брза да се оди на избори и јас мислам дека оваа година одмори нема да има, ретко некој ќе смее или ќе може да оди надвор од државата поради состојбата со коронавирусот. Мислам дека и туристичките места ќе бидат лимитирани со броеви и мислам дека туризмот оваа година ќе биде внатре во државата“, смета генералниот секретар на Алијансата.