Таравари: Политиките на ВМРО-ДПМНЕ беа покоректни од овие на СДСМ

Арбен Таравари, градоначалник во Гостивар и генерален секретар на Алијансата на Албанците во своето гостуваење во емисијата „Што не е јасно“ рече дека според него претходните политики на ВМРО-ДПМНЕ биле покоректни од политиките на СДСМ.

-Бесплатни учебни, јавниот транспост за децата од училиште да биде бесплатен, намалување на квотите на студентите на универзитетите, додаток за трето дете тоа беа мерки кои го направи ВМРО-ДПМНЕ. Дојде СДСМ на власт и го поништи тој додаток и затоа мислам дека одредени политики на ВМРО-ДПМНЕ беа покоректи отколку овие политики на СДСМ, рече Таравари.

Тој посочи дека секојдневно имаат притисоци врз општините со кои раководи нивната партија.

-Шансите се многу мали да бидеме со СДСМ бидејќи сме разочарани од функционирањето на СДСМ. Дури мислиме дека нас повеќе повеќе притисок ни прави СДСМ отколку ДУИ тука мислам на сите работи, на одземање на ингеренции.Знаете Груевски никогаш не одзема ингеренции на Заев, во образование, колку што знам јас иако тој бил градоначалник.Ние бевме единствена урбана опозициски општина и ни одземаа два пати ингеренции, секојдневни приситосоци врз општинити со кои раководи Алијансата за Албанците. Во последно време ние мислевме дека се доаѓа од ДУИ, меѓутоа не е од ДУИ туку од СДСМ и тоа организирано. Се обидуваат на секаков начин да и наштетат на Алијансата на Албанците, не знам зошто, не знам каде е логиката, меѓутоа мислам дека тие мислат дека ќе земат албански гласови ако и на наштета на Алијансата, рече Таравари во своето гостување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.