Таравари порача: Време е Али Ахмети да замине во пензија

Ахмети бараше да има само два албански блока. И сега е така, Алијанса за Албанците со Алтернатива и ДУИ. Сега е битката помеѓу нас. После изборите време е Ахмети да замине во пензија. Ние Албанците, сме уморни да бидеме заложници на еден политичар кој е рѓосан. Нас ни е целта да го победиме ДУИ и со оваа комбинација сигурно ќе го направиме тоа, изјави вечерва на телевизија Телма генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари.

Во однос на коалицијата помеѓу СДСМ и Беса, Таравари вели дека тоа е сосема легитимно, но засега Алијансата за Албанците смета дека не е време за коалицирање.

-Искрено ова што се случи денеска, коалицијата помеѓу СДСМ и Беса е легитимно. Исто така на претседателските избори 4 албански партии истрчаа со СДСМ и тоа беше легитимно. Ние како партија Алијанса за Албанците мислиме дека не е време за вакви коалиции. Ние сме конзистентни во нашите ставови, секогаш одиме на тоа дека треба да се поддржи албанскиот блок, вели Таравари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.