Таравари: Поради растот на коронаинфекциите не е време за вонредни локални избори

Опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Aлтернатива смета дека не е вистинско време за вонредни локални избори, поради актуелната ситуација со епидмијата на коронавирусот во земјата, оцени во средата актуелниот градоначланик на Гостивар Ардбен Таравари.

Лекарот по професија, Арбен Таравари, беше министер за здравство од јуни до октомври 2017 година, кога неговата партија Алијанса за Албанците ја напушти владата предводена од СДСМ, а истата година победи на изборите за градоначалник.

„Мислам дека е многу неразумно во оваа економска криза и во оваа состојба на пандемија да се организираат вонредни локални избори на кои ќе бидат избрани градоначалници за мандат од десет месеци. Нека анализираат како може да им се продолжи мандатот на овие двајца градоначалници во Пласница и Штип може да биде продолжен за уште десет месеци, да не ги трошиме парите, па наместо на избори, да ги потрошиме на лекови или да направиме што повеќе тестови“, рече Арбен Таравари, АА-Алтернатива.

Државната изборна комисија на почетокот од октомври донесе Роковник за предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип, кои треба да се одржат на 13-ти декември.

Доскорешниот прв човек на Штип, Благој Бочварски од СДСМ, сега е министер за земјоделство, а Исмаил Јахоски исто така од владејачката ДУИ, кој беше градоначалник на Пласница, беше избран за пратеник. Должноста градоначалник на Штип сега ја врши Јане Миланов, а на Пласниц,а Елсан Нурчески. Редовните локални избори во Македонија треба да се одржат следната година, наесен.