Таравари позитивен на коронавирус: Своеволно се претвораме во оружје еден за друг

48
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на својот профил на Фејсбук објави дека добил позитивен резултатот од тестот за ковид-19.
„Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам … со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвораме во оружје еден за друг.

Јас ке бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè. Чувајте се“, напиша Таравари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.